Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Водостојот на Охридското Езеро и понатаму под просекот, од Билјанините извори не тече вода

Водостојот на Охридското Езеро и понатаму под просекот, од Билјанините извори не тече вода

Охрид, 30. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,26 м.н.в, што е за 5 сантиметри под просекот за октомври (693,31 м.н.в) и 16 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в). Со минимални осцилации на оваа кота беше речиси цел месец.

Температурата на езерската вода е 17 степени и е за 0,3 степени повисока од просекот за овој месец.

А пак од препознатливиот симбол на градот Охрид, Билјанините извори и понатаму не тече вода. Идентична состојба во овој период од годината имаше и изминатите години.

Според најавите на метеоролозите стабилно време ќе имаме уште утре. Во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок попладне и во сабота, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Во Македонија 100 проценти од средношколците учат странски јазик во училиштата
Next Стојковски за РСЕ: Палење трска во Охридското Езеро е единствен случај во кој ДИЖС поднел кривична пријава во изминатава година

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот
1 min read

Здравје: „7-1“ е едноставно правило за спиење кое може да ви го продолжи животот

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.