November 12, 2014

Белград, 12. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Лидерот на српските радикали Воислав Шешељ, нешто пред 13:00 часот пристигна во Србија по близу 12 години поминати во притвор во Хаг.

На аеродромот „Никола Тесла“ Шешељ го пречекаа членовите на неговото семество, раководството на партијата, како и многубројни симпатизери кои го поздравија со трубачи и скандирање „Војо, Србине” и „Војо, војводо“.

(Фото РТ ЦГ)

Иако беше најавено, Шешељ не даде изјава за новинарите и заминал кон седиштето на партијата во Земун.

Шешељ беше пуштен на слобода поради неговото влошено здравје, откако скоро 12 години беше во притвор во Хаг. На 6-ти ноември судиите во Хаг донесоа одлука според која тој ќе биде слободен привремено, откако српската Влада достави гаранција за него.

Foto: Tanjug

Тој е обвинет за воени злосторства од 14-ти февруари 2003 година, а десетина дена подоцна самиот се предаде.(Крај)

извор: Б92 фото: архива