Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Вонреден конгрес на СИРИЗА во септември

Вонреден конгрес на СИРИЗА во септември

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 2. август 2015 (ИНПРЕС) – Владеачката радикална левичарска партија во Грција, СИРИЗА, за во септември закажа вонреден конгрес за да се превенира распад на партијата, откако пратениците од левото крило на партијата гласаа против пакетот мерки на премиерот Аексис Ципрас.

Мерките добија зелено светло со помош на гласовите на опозицијата, што на Грција и го овозможен пакетот помош од 86 милијади евра од кредиторите. 200 членови на централниот комитет на СИРИЗА синоќа по долгата и тензична дебата го усвоија предлогот за конгрес на кој ќе се соочат двете спротивставени партиски струи околу условите под кои Грција ја добива финансиската помош Грција.

Поранешниот министер за енергетика, Панајотис Лафазанис, го обвини Ципрас дека договорот кој го постигна со кредиторите го направил спротивно на она поради што ја добија довербата на изборите во јануари и на референдумот до 5 јули. Лафазанис е тврд застапник на излегување на Грција од еврозоната.

Внатрешниот раскол во СИРИЗА кулминираше синоќа со оставки на 17 членови на централниот комитет со објаснување дека итната постапка со која се свикува конгресот има за цел да овозможи на политиката на омаловажувачкиот договор да продолжи и покрај противењето на илјадници членови на партијата. (Крај)

извор: Kathimerini фото: архива

Post navigation

Previous Ципрас се заканува со предвремени избори
Next Собранието на Косово ќе заседава за Специјалниот суд за злосторствата на ОВК

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.