July 6, 2015

Берлин/Брисел, 6. јули 2015 (ИНПРЕС) – Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд за утре свикаа вонреден самит на ЕУ посветен на Грција.

Како што јавија грчките медиуми, официјален Берлин соопшти дека двајцата лидери се договориле дека одлуката на на грчкиот народ „мора да се почитува“.

Грчкото Министерство за внатрешни работи соопшти дека врз основа на 71,86 отсто преброени гласови, „не“ гласале 61,53 од граѓаните, додека позитивно се изјасниле 38,47 проценти од гласачите.
На референдумот гласале 61,32 проценти од Грците со право на глас.

– Грчкиот народ денеска одговори на вистинското прашање. Грција од утре ќе се врати на преговарачка маса, но овој пат со прашање за реконструкција на долгот. Нема лесни решенија, туку фер и остварливи решенија, доколку ги сакаат двете страни, изјави синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас. (Крај)

извор: Fokus фото: архива