Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вооружен напад на редакција на хрватски неделник

Вооружен напад на редакција на хрватски неделник

1 min read

Задар, 14.јули 2015 (ИНПРЕС) – Двајца маскирани непознати лица влегле во просториите на хрватски неделник во Задар и со закана со огнено оружје, од 42-годишен графички уредник одзеле неколку илјади куни.

Се работи за издавачката куќа Темпус во сопственост на задарскиот новинар Ивица Маријачиќ, која го издава Хрватски тједник.

Увидот е во тек, а по сторителите се трага.

– Графичарот Антонио Мликота ми се јави синоќа во 23.21 часот и рече дека е извршен упад од маскирани лица. Веднаш дотрчав и го затекнав во полулежечка состојба врзан, вели сопственикот.

Според него, иако графичарот е корпулентен и давал отпор го совладале со давење и удирање по грбот. Напаѓачите упатиле закани и за сопственикот. Ја испретурале цела канцеларија како да бараат нешто и неколкупати се прашале еден со друг „дали најде“. Графичарот вели дека биле двајца, но му се сторило дека на скалите има уште еден.

Маријачиќ вели дека во последно време не добивал закани ниту може да претпостави кои се мотивте на нападот.

– Не се занимаваме со локални работи, не пишуваме за криминал или на сензационалистички начин. Ние сме политички весник кој настојува некои прашања да ги отвори на друг начин. Во последно време се занимававме со темата Јасеновац и со прикажување на преувеличениот број жртви, а имаме и свој поглед на спитската свастика.

На Маријачиќ претходно во два наврати му го запалија автомобилот, а сторителите полицијата никогаш не ги најде. (Крај)

извор:Макфакс   фото:архива

Post navigation

Previous Вучиќ: Време да се надмине инцидентот од Поточари
Next Оланд: Никој не ја брка Грција од Еврозоната

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.