Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во Австралија отворена зоолошка градина на иднината занована на холограми

Во Австралија отворена зоолошка градина на иднината занована на холограми

Бризбејн, 30. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Во Австралија е отворена зоолошка градина на иднината каде што посетителите можат да погалат жирафа, лав, па дури и диносаурус. Сепак, сите овие животни всушност не постојат.

Оваа футуристичка зоолошка градина во Бризбејн ја отвори компанијата „Акион холографикс“.

Во градината нема животни во кафези или во оградени простори, туку тоа е забавен парк кој користи нова технологија. Така кит од десет метри плива покрај посетителите, а носорози се капат наоколу и како духови можат да поминат низ луѓето.

Сите животни во оваа градина се холограми – тридимензионални подвижни слики, настанати со помош на ласерска светлина.

– Животните влегуваат во просторија, шетаат низ неа и можете да ги галите. Има многу смеење и викање, но сите замолчуваат кога кит од десет метри поминува покрај нив, вели извршниот директор Брус Дел.

Сѐ се базира на новата технологија на длабински холограм, кој ги оживува холограмите и создава единствено виртуелно искуство. Таа им овозможува на посетителите и да го почувствуваат мирисот на цвеќињата и дрвјата кои се појавуваат во холограмите. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous Ставена на увид Студијата за оцена на влијание врз животната средина изградба на регионална депонија во Новаци
Next Утре јавна расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина изградба на регионална депонија во Новаци

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.