November 13, 2014

Сараево, 13. ноември 2014 (ИНПРЕС) – Повеќе од 100 инспектори на СИПА денеска спроведоа акција со кодно име Дамаск, каде што од раните утрински часови во БиХ се уапсени 11 лица поврзани со тероризам.

Во тек се апсења и рации на неколку локации во Сараево, Зеница, Какањ, Маглај и Живиница, со цел пронаоѓање и одземање на предмети што можат да послужат како доказ во понатамошна постапка.

Акцијата е резултат на неколку години на водење на кривична постапка, која беше покрената од страна на поголем број на луѓе кои се поврзани со терористички активности. (Крај)

извор: Klix фото: архива