Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Во Албанија уништени три илјади стебла марихуана

Во Албанија уништени три илјади стебла марихуана

Скадар, 1. септември 2015 (ИНПРЕС) – Во Скадар и Валона уништени над три илјади стебла марихуана.

Во рамките на широката акција за уништување парцели засадени со марихуана, албанската полиција во подрачјата на северниот град Скадар и приморскиот Валона уништи над три илјади стебла од ова наркотично растение.

Полицијата од Полицискиот комесаријат Скадар на дванаесет парцели во атарите на неколку села уништила 1.530 додека во подрачјето на Валона на осум парцели, 1.606 стебла марихуана. Ден претходно во подрачјето на Тропоја биле уништен над 2.500 тебла марихуана чија висина достигнувала над два метра.

Само за два месеца од почетокот на големата акција, полицијата има уништено околу 60 илјади стебла марихуана, на парцели откриена низ целата територија на земјата. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Post navigation

Previous Дваесет и четири годишна девојка почина додека летувала на Улцињ
Next Геровасили ги повика Грците за поддршка на Сириза

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.