May 18, 2015

Тирана, 18. мај 2015 (ИНПРЕС) – Утре и задутре во Тирана Албанија ќе се одржи планирачки состанок за обезбедување засилена прекугранична сорабока за управување со водните ресурси за трите големи езера во Дримскиот Басен, Охридското, Преспанското и Скадарското.

Посебна цел е да се обезбеди прекугранична меѓусекторска соработка во Басенот.

Состанокот е во рамките на поддршката на Германското друштво за соработка (ГИЗ) и проектот за заштита на биодиверзитетот на трите езера.
На планирачкиот состанок, заедничка презентација ќе има Билатералниот секретаријат, а од македонска страна ќе презентира Дејан Пановски кој ќе се осврне на актуелните процеси и иницијативи (Биосферниот резерват на УНЕСКО, Дримскиот проект, проектот за рехабилитација на колекторскиот ситем и проектот zа ставање на албанската страна на езерото под заштита на УНЕСКО), како и на предлог на нови иницијативи и пилот проекти за прекугранична заштита на езерата. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива