Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во Вуковар укината кирилицата, Србија упати протестна нота

Во Вуковар укината кирилицата, Србија упати протестна нота

Белград, 18.август 2015 (ИНПРЕС) – Србија упати протесна нота до Хрватска поради укинување кирилични натписи.

Министерството за надворешни работи на Србија вчера упати најостар протест до Хрватска заради одлуката на Градскиот совет на Вуковар која не предвидува двојазични табли.

Со измените на Статутот не се предвидени двојазични табли на градските установи, дуќаните и улиците во Вуковар, а со тоа е предвидено за секое обраќање на кирилично писмо потребна е посебна молба и плаќање такса.

Со усвоените измени директно се негира рамноправноста на употребата на јазикот и писмото, со што се кршат основните човекови и малцински права на Србите, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија

– Република Србија ја предупредува Република Хрватска дека е должна да ги почитува своите меѓународни преземени обврски и бараме итна реакција на државните органи на Хрватска на оваа одлука на властите во Вуковар чии највисоки претставници овие денови во годината кога целиот свет ја слави 70 годишнината од победата над фашизмот, да и станат познати на пошироката јавност по пеење устешаки песни од времето на фашистичка независна држава Хрватска, се вели во соопштението.(Крај)

извор:Инпрес фото:архива

Post navigation

Previous Србија нема да гради ограда на границата со Македонија
Next Пожар дивее на Родос

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.