Атина, 12. август 2015 (ИНПРЕС) – Во Грција може да се одржат предвремени избори, ако владејачката партија “Сириза” не ја добие поддршката на барем 120 од пратениците при гласањето на новиот спасувачки пакет за земјата.
Гласањето ќе се спроведе утре.
Ова го изјави пред телевизискиот канал MEGA грчкиот министер за внатрешни работи, Никос Вуцис.
Со помалку од 120 пратеници земјата не може да се управува ефикасно, и “нема друга опција” освен нови избори, објасни Вуцис. (Крај)
извор: balkaninsight фото: архива







