Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Во Грција се одржуваат предвремени парламентарни избори

Во Грција се одржуваат предвремени парламентарни избори

Атина, 20. септември 2015 (ИНПРЕС) – Околу десет милиони Грци денеска гласаат на предвремени парламентарни избори, втори за оваа година.

Основното прашање во земјата, која од 2009 година четири пати организира парламентарни избори и смени шест влади, е дали победникот ќе успее да се задржи подолго од претходната Влада на Сириза, чија власт траеше само седум месеци.

Денешните избори се организираат поради тоа што поранешниот премиер Алексис Ципрас го загуби парламентарното мнозинство по бурни несогласувања во неговата партија околу содржината на последниот договор со меѓународните кредитори на земјата.

На изборите учествуваат 14 политички партии и пет коалиции кои ќе натпреваруваат за 300 пратенички места. Речиси сите анкети покажаа дека ниту една од партиите нема да го добие неопходниот број гласови за да владее самостојно, што значи дека и следната влада ќе биде коалициска. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous Косовски албанци се преправаат како Сиријци за да одат во Германија
Next Ципрас: Пред нас се економски предизвици

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.