January 15, 2016

Атина, 15. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Грчките правосудни органи покренаа процес против пет лица спасувачи од една шпанска невладина организација се уапсени на острово Лезбос, осомничени дека учествувале во организирање превоз на имигранти.

Обвинителството петтемина спасувачи на море ги обвини за помагање при влегување на илегалните имигранти без документи. Тројца од нив се шпански, а двајца се дански државјани, пренесува агенцијата ANA. Во текот на претстојниот викенд истражен судија ќе ги испита припадниците на оваа група.

Групата на грчките власти има навела дека е поврзана со баскиската невладина организација за спасување на море DYA, која им помага на илјадниците имигранти кои во пренатрупаните чамци стигнуваат до Лезбос.

По доаѓањето на поголем број разни невладини организации последните месеци на овој грчки остров и поради недоволната координација меѓу нив и локалните власти, полицијата неодамна најави дека ќе почне систематски да ги регистрира поради поефикасното прифаќање на имигрантите. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива