Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во кампањата „Бидете херои на чесноста” се вклучија и охридски училишта

Во кампањата „Бидете херои на чесноста” се вклучија и охридски училишта

Во кампањата „Бидете херои на чесноста” се вклучија и охридски училишта

Охрид, 21. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Охридските основни училишта „Братство Единство” и „Живко Чинго” се вклучија во кампањата за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста”.

Кампањата е предводена од Државната комисија за спречување на корупцијата, а е дел од Активноста за антикорупција и интегритет, спроведена од Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи(ИФЕС) во Скопје, со финансиска поддршка обезбедена од УСАИД.

Пред присутните ученици се обрати претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, која ја истакна важноста на едукацијата на учениците за корупцијата уште од најмала возраст. Актерот Игор Ангелов, преку дијалог и интеракција, ги вклучи учениците во приказната за борба против оваа штетна појава.

На настанот беа доделени и награди за ликовни и литературни творби на теми поврзани со борбата против корупцијата.

Во кампањата досега беа вклучени повеќе училишта низ Македонија. Преку истата учениците се едуцираат за поимите интегритет и корупција, сé со цел да се подигне свеста кај нив за штетните ефекти од корупцијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Македонскиот филм „Лена и Владимир“ на 2-ри декември ќе се прикажува во Охрид
Next Алармантен е трендот на опаѓање на менталното здравје кај адолесцентните девојчиња покажа студијата „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст“

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.