Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Во Косово протест за ослободување на затворените по акцијата во Куманово

Во Косово протест за ослободување на затворените по акцијата во Куманово

1 min read

Приштина, 20. мај 2015 (ИНПРЕС) – Денес пред Владата во Косово ќе се одржи протест за ослободување на затворените по акцијата во Куманово.

Овој протест е организиран од страна на семејствата на притворените и убиен во Куманово, пишува во јавниот повик до сите граѓани на Косово. Барањата се косовските институции што побрзо да преземат конкретни дејства за заштита на уапсените граѓани.

Протестот, како што наведуваат приштинските медиуми, е бидејќи дека во Kуманово се водела борба за правда и достоинство на Албанците.

– Итно бараме косовската влада да преземе конкретни дејства во идентификување и донесување на телата на загинатите за слобода и правда на Албанците во Македонија – наведуваат демонстрантите, кои додаваат дека протестираат во знак на револт кон институциите, кои повеќе од една недела се индиферентни кон своите граѓани, кои, како што наведуваат, се малтретирани во Македонија.

Организацијата на ветерани на војната на Ослободителната војска на Косово, го поддржа протестот организиран од страна на семејството на поранешните борци на ОВК, кој учествувале во борбите во Куманово.

Овој протест е организиран, бидејќи семејството на борци, кои беа објавени имињата на листата на загинатите немаат официјални информации, како и малтретирање на оние борци кои се во македонските затвори.

Дека започна хајката од терористи да се прогласат за борци за слобода говори и фактот дека стотици Албанци викендов во Швајцарија протестираа за солидарност со Kуманово и преку писмо побараа од генералниот секретар на ОН, Бан Kи-мун, преземање итни мерки за запирање на, како што велат, насилството што македонските сили го вршат над албанското население, пренесе косовскиот портал „Телеграфи“. (Крај)

извор: mkd-news фото: архива

Post navigation

Previous Вајгл – Ситуацијата со Куманово и Косово се уште не е целосно разјаснета
Next Протест на лекарите во Грција

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.