Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Уапсените џихадисти на Косово биле ветерани од војните во Сирија и Ирак

Уапсените џихадисти на Косово биле ветерани од војните во Сирија и Ирак

Приштина, 31. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Косовската полиција во регионот на Митровица уапси најмалку тројца косовски џихадисти, поради сомневања дека планирале напад на база на КФОР.

Весникот „Експрес“ објави дека апсењата биле извршени по информациите кои ги добиле косовските тајни служби. Медиумите забележуваат дека уапсените биле ветерани од војните во Сирија и Ирак и членови на терористичката организација „Фронт Ал Нусра“ и „Исламската држава“.

– Од пред извесно време КФОР ги засили мерките за безбедност, контролата и активностите во Косово. Косовската полиција, исто така ги засили своите активности против лицата за кои постои сомневање дека се поврзани со терористички организации, јавуваат косовските медиуми.

Поради сомнение за поттикнување, регрутирање и испраќање на лица во борбите во Сирија и Ирак, косовската полиција уапси и 12 имами, кои прво беа лишени од слобода, но дел од нив подоцна беа ставени во домашен притвор. Меѓу нив е и имамот на Големата џамија во Приштина Шефкет Красниќи. Според Кривичниот законик во Косово за слично кривично дело се предвидува затворска казна од 5 до 10 години. (Крај)

извор: Експрес фото: архива

Post navigation

Previous Дачиќ – Визијата за членството на Србија во ЕУ е во сите нас
Next САД го поддржаа Кипар во спорот против Турција

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.