Охрид, 27. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во месец мај во Охрид биле издадени 9 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.
Од нив на 5 инвеститор е физичко лице, а на 4 правен субјект. Предвидена е градба на 176 станови, со вкупна корисна површина од 10.834 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба.
На ниво на Македонија во мај 2023 година издадени се 317 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 137 се наменети за објекти од високоградба, 119 за објекти од нискоградба и 61 за објекти за реконструкција. Од вкупно 317 објекти, на 142 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 175 инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 675 станови, со вкупна корисна површина од 54.646 м². (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







