September 2, 2015

Сараево, 2. септември 2015 (ИНПРЕС) – Поранешниот полициски функционер, Симо Тушевљак, кој ги истражувал воените злосторства против Србите, на судењето на Младиќ во Хашкиот трибунал, во вторникот изјави дека 3.300 српски цивили биле убиени во десет општини во Сараево, за време на опсадата 1992-1995 година.

Во текот на вкрстеното испрашување, хашкиот обвинител, Каролин Адгертон, се обиде да докаже дека списокот на Тушевљак, содржи жртви на артилериски и снајперски напади на силите на босанските Срби.

Тушевљак рече дека не може ниту да ги потврди, ниту да ги негира нејзините наводи. Тој истакна дека списокот бил составен само за да ѝ помогне на полицијата на босанските Срби и дека намерата не била да се утврдат причините за нивната смрт. Таа работа му беше оставена на босанското државно обвинителството, рече тој.

Тој сведочеше на судењето на воениот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој е обвинет за тероризирање на граѓаните на Сараево, со константни артилериски и снајперски напади.

На Младиќ му се суди и за геноцид во Сребреница и во други општини, за прогон на несрпското население во земјата и за земање на мировници на ООН како заложници. (Крај)

извор: денешен фото: архива