Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во охридските средни училишта има место за 851 полуматурант, од утре почнува електронското пријавување

Во охридските средни училишта има место за 851 полуматурант, од утре почнува електронското пријавување

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 19. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Од утре 20-ти, до вторник, 25-ти јуни, до 15:00 часот, ќе се реализира првото електронско пријавување на учениците за упис во средните училишта.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.

Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/најава.

Согласно објавениот конкурс во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 851 полуматурант.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 272 места за идните средношколци, во гимназиско образование, впрочем идентично како и изминатите години.

Во економското училиште „Свети Кирил и Методиј“ ќе може да се запишат 152 ученици од кои 118 во економско-правната и трговска струка и 34 во здравствената струка.

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 277 слободни места, во 10 паралелки, според наставните планови и програми за машинска, електротехничка, сообраќајна струка и лични услуги.

Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во прва година може да се запишат 150 ученици, што е намалување во споредба со уписите за тековната учебна година. Учениците ќе бидат поделени во 6 паралелки во угостителско- туристичка струка.

Охридските полуматуранти при уписите за учебната 2023/2024 година беа позаинтересирани школувањето да го продолжат во стручните училишта отколку во гимназија.

Конечната ранг-листа од првото пријавување ќе биде на 26-ти јуни.

Второто електронско пријавување ќе биде на 1-ви и 2-ри јули кога воедно ќе се доставуваат и документите до училиштата, а конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 3-ти јули.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после уписниот рок со две пријавувања. Пријавување на учениците ќе се врши на 21-ви август од 00:00 часот до 15:00 часот, електронски. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21-ви август од 07:00 часот до 17:00 часот. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на 22-ри август, најдоцна до 12:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous „Чистиме денес, за одржливо утре!“ – еко акција на ТАВ Македонија по повод Денот на Охридското Езеро
Next Минатата година во Охрид починале 612 лица

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.