Во Охрид денес претпладне сончево и многу топло време со температура до 32. степени, попладне услови за пороен дожд и грмежи
August 24, 2023

Охрид, 24. август 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Попладне наместа ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.

– Ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме, особено денес и во сабота, информираат од УХМР.

извор: УХМР фото: ИнПрес