July 29, 2023

Охрид, 29. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност попладне и слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 31. степени.

– За време на викендов ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пониски утрински температури. Во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа повторно ќе настапи стабилизирање на времето, информираат од УХМР.

извор: УХМР фото: ИнПрес