Охрид, 7. август 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево и посвежо време со мала до умерена облачност. Ќе дува повремено засилен ветер од западен правец.
UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 27. степени.
– Следува период на стабилно и посвежо време со пониски утрински температури. Утре ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Од среда дневните температури ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес