Охрид, 11. септември 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 27. степени.
– Продолжува периодот на сончево и топло време со свежи утра. Од четврток ќе има умерена облачност, а од петок услови за локална појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес