Охрид, 26. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.
UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 31. степени.
– Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, информираат од УХМР.
извор: УХМР фото: ИнПрес








