Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 33. степени
August 22, 2023

Охрид, 22. август 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 33. степени.

– Во текот на работнава седмица ќе се задржи многу топло време со дневна температура која на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од утре во попладневните часови ќе има појава на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во четврток и сабота, информираат од УХМР.

извор: УХМР фото: ИнПрес