Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 28. степени
July 7, 2023

Охрид, 7. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– Стабилно, во деновите од викендот со засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во значителен пораст, информираат од УХМР.

извор: УХМР фото: ИнПрес