Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во петок панел дискусија за дивите депонии во Охрид

Во петок панел дискусија за дивите депонии во Охрид

1 min read
Во петок панел дискусија за дивите депонии во Охрид

Охрид, 11. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Во петок ќе се одржи панел дискусија за состојбата и предлог решенија за спречување на непрописното депонирање на цврст отпад во Општина Охрид, во организација на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“.

Говорници ќе бидат Дарко Блинков, генерален инспектор за животна средина од Државен инспекторат, Вера Рауник раководител на одделение за управување со отпад во Општина Охрид, Емил Ангелов експерт за управување со отпад од Salar International и Ѓоко Савески координатор за диви депонии во ЈП „Охридски комуналец“.

Панел дискусијата ќе се одржи во ресторанот на хотел „Су“ со почеток во 11:55 часот, а ќе може да учествуваат сите заинтересирани граѓани со прашања и идејни решенија во борбата со дивите депонии во нашата општина.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“, спроведуван од страна на Центар за климатски промени во соработка со партнерите Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион. Проектот е финансиран од Швајцарската Амбасада преку програмата Цивика Мобилитас. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous „Приказната за Силјан“ вечерва премиерно во Охрид
Next Охрид во декември 2025 го посетиле 6.052 странски туристи, најмногу од Србија, Бугарија, Грција и Германија

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.