Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во петок прва самостојна изложба на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска, „Огледало на Охрид“

Во петок прва самостојна изложба на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска, „Огледало на Охрид“

1 min read
Во петок прва самостојна изложба на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска, „Огледало на Охрид“

Охрид, 9. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Во петок, 12. јуни, ќе биде отворена првата самостојната изложба на уметнички дела на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска.

Изложбата е насловена „Огледало на Охрид“, а ќе биде поставена во „Летница“, кујна и бар,  со почеток во 19:00 часот.

Планирано е да бидат изложени околу 20 дела, а посетителите ќе можат да видат дела со мотиви од Охрид – пејзажи, икони, како и неколку цртежи од различни тематики.

Младата и надежна охриѓанка Стефанија црта од најрана возраст, a сега е матурантка од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид. Во неодамнешното интервју за InPress и Супер радио откри дека во своите дела црта на различни теми, а најголемиот дел се пејзажи. Вели дека инспирацијата црпи од секојдневниот живот и убавините што нè опкружуваат, најмногу ужива да работи со акрилна техника, а се восхитува на делата на Леонардо Да Винчи.

Потенцира дека преку цртежите успева да забележи многу повеќе детали што обично остануваат незабележани. Образованието планира да го продолжи во Словенија, а на младите им порачува да го слушаат своето срце и да веруваат дека сè е можно.

Делата на Стефанија може да ги погледнете на нејзиниот профил на Instagram. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од денес до 16. јуни времена забрана за сообраќај во стариот дел на градот
Next Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Слични вести

Елена Секулоска e првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“ Елена Секулоска e првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“

Елена Секулоска e првенец на генерација во ООУ „Григор Прличев“

Во петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Во петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Во петок почнуваат уписите во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.