Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во првиот квартал од годинава собрани над 1 милион денари од туристичка такса

Во првиот квартал од годинава собрани над 1 милион денари од туристичка такса

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 24. јули 2024 (ИНПРЕС) – Во првиот квартал од оваа година во општинската каса легнале 1.149 814 денари по основ на туристичка такса.

Од Одделението за односи со јавност на Општина Охрид за Супер радио и InPress информираат дека во текот на изминатите години се бележи раст на остварениот туристички промет.

– Туристичкиот промет за 2023 година бил 20.221 832 денари, додека за 2022 година 17.498 585 денари, велат од одделението.

Додаваат дека средствата собрани од туристичката такса се реинвестираат во Програмата за развој на туризмот за проекти и активности за поддршка на туристичката сфера.

Според моменталната состојба бројот на регистрирани даватели на угостителски услуги од мал обем, станоиздавачи во Општина Охрид е 3.049.

Охрид е во екот на туристичката сезона, шпицот годинава почна порано од вообичаеното, нѐ очекува продолжениот Илинденски викенд како кулминација. Очекувањата се дека оваа сезона ќе биде поуспешна од минатата. Во таа насока одат и најавите од хотелиерите дека истата ќе биде и продолжена, со оглед на тоа што гости ќе доаѓаат на охридската ривиера во рамки на балканските тури. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Второ издание на Ohrid Water Festival од 23-ти до 31-ви август
Next Македонската традиционална таеквондо федерација побогата за два црни појаси втори дан

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.