September 5, 2014

Зеница, 5. септември 2014 (ИНПРЕС) – Триесет и четири лица се заробени во рудникот во градот Зеница, централна Босна, по силниот земјотрес кој го погоди регионот.

Земјотресот со интензитет од 3,4 степени по Рихтер бил со епицентар на 53 километри северозападно од главниот град Сараево.

Под земја во моментот на земјотресот работеле вкупно 56 рудари. а 22 успеале да излезат на површината. Двајца од нив се повредени и хоспитализирани во Зеница.

Блокираните под земја нашле засолниште во галеријата на длабочина од околу 600 метри. Спасувачките екипи прават се што е можно за да стигнат до нив.

Земјотресот не предизвикал други штети во Босна. (Крај)

извор: Франс прес фото: архива