Во сабота еко акција на „Збогум Букoво“, ќе се чистат патеките околу Самуиловата тврдина
January 27, 2025

Охрид, 27. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Под мотото „Заедно валкаме, заедно чистиме“ во сабота, на 1-ви февруари ќе се одржи уште една еко акција во огранизација на иницијативата „Збогум Букoво“.

Овојпат ќе се чисти потегот околу Самуиловата тврдина.

– Приклучете ни се на втората еко акција за чистење на патеките и мини ѓубриштата околу Самоиловата тврдина во сабота. Збирно место Горна порта во 12:00 часот. Носете удобни зимски обувки и ако имате ракавици за повеќекратна употреба. Земете и шише вода, порачуваат од „Збогум Букoво“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива