October 28, 2015

Софија, 28. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Во септември бројот на руските туристи во Бугарија бил намален до 31,1 илјади луѓе, што претставува 26% помалку во споредба со истиот месец 2014 година.

Податоците ги изнесе Националниот институт за статистика на Бугарија.

Според податоците, во септември туристите од ЕУ во Бугарија биле со 10% помалку од истиот месец од претходната година, а оние од Русија – со 26%. Одливот на туристите од Германија бил 20%, од Полска – 6%, а од Романија – 33%.

Во овој период, сепак бил забележан 10% раст на туристи од Чешка, 8% од Унгарија и 4,7% од Македонија. (Крај)

извор: РИА Новости фото: архива