November 2, 2015

Белград, 2.ноември 2015 (ИНПРЕС) – Во три здравствени установи во Србија денеска почнува тестирање на кубанската вакцина Цлимаваџ ЕФГ и одбирање пациенти со карцином на белите дробови кои ќе ги примат.

Кубанските вакцини пристигнале во Србија во петокот. Вакцините ќе бидат бесплатни.лекот ќе се применува на пациенти кои имаат четврти стадиум од болеста за кои се прогнозира уште шест месеци живот.

Во Србија годишно од карцином на белите дробови заболуваат 6.000 луѓе, а кај илјада се утврдува четврта фаза од болеста.

Во следните 15-на дена откако ќе мине периодот на тестирање, се очекува доаѓање на лекари од Куба кои ќе ги следат пациентите и примената на вакцината.(Крај)

извор:Плусинфо фото:архива