Белград, 16. август 2015 (ИНПРЕС) – Во Србија е регистриран првиот лабораториски случај на потврдена инфекција со вирусот на Западна нилска треска.
Станува збор за маж од 56 години, од територијата на Јужнобанатскиот округ, кој се наоѓа на болничко лекување.
Инфекцијата првпат меѓу луѓето во Србија е регистриана кон крајот на јули 2012 година, а до почетокот на август во земјите на ЕУ се регистрирани шест случаи на заболување од вирусот и тоа четири во Италија, во Бугарија и во Романија по еден, а надвор од границите на ЕУ во Израел три случаи. (Крај)
извор: rts фото: архива







