May 15, 2023

Охрид, 15. мај 2023 (ИНПРЕС) – Општинското основно музичко училиште „Методи Патче“ ќе запишува ученици, кои во учебната 2023/2024 година ќе бидат прво или четврто одделение.

Во прво одделение учениците може да се запишат на отсекот пијано или виолина, додека во четврто одделение на отсекот по флејта, кларинет, хармоника и гитара.

Нема достапен опис

– Aудицијата за сите заинтересирани ученици ќе се одржи на 17-ти мај од 16:00 до 19:00 часот во просториите на училиштето. Подетални информации може да се добијат на телефонскиот број 046/269-139, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива