Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во тек е пријавувањето за место во студентските домови, во охридскиот „Никола Карев“ има 242 леглa

Во тек е пријавувањето за место во студентските домови, во охридскиот „Никола Карев“ има 242 леглa

1 min read

Охрид, 20. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во тек е пријавувањето за место во студентските домови за претстојната академска година.

Во Државниот студентски дом „Никола Карев“ во Охрид на располагање се вкупно 242 легла. Од нив 48 се за бруцошите, додека преостанатите 194 се за студентите од втора година па нагоре.

Заклучно со 31-ви јули се пријавуваат студентите од II година и повисоките години, додека пак за студентите од I година почнува од 1-ви септември и ќе трае до 11-ти септември.

Право на прием имаат редовни студенти кои се државјани на Република Македонија и се школуваат надвор од местото на живеење, а кои се запишани на додипломски студии со траење: помалку од осум семестри, а не повторувале студиска година; осум семестри, а не повторувале повеќе од една студиска година и над осум семестри, а не повторувале повеќе од две студиски години, како и владини стипендисти-студенти со македонско потекло, студенти од странство кои студираат на универзитетите и високообразовните установи во Република Македонија, студенти согласно програмата ЦЕЕПУС, студенти според билатерални договори и слично.

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, а може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.

Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови остануваат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавување ќе продолжи сé до пополнување на истите, но најдоцна до 30-ти ноември 2023 година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous ЈП „Охридски комуналец“ ќе го подига отпадот со задоцнување поради топлотниот бран
Next За прв пат во историјата на македонското здравство, од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.