Дебрца, 4. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Во тек е пријавувањето за 51-то издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал „Петровден“ што секоја година се одржува во селото Мешеишта.
Екипите ќе можат да се пријавуваат до 14-ти овој месец. За учество на турнирот секоја екипа треба да плати котизација од 5.000 денари.
– Распоред на екипите во групи ќе се врши на 15. јуни. Ве молиме да го запазите терминот за пријавување до 14.06.2026, на телефонот 071/359-575. По овој рок нема да се врши пријавување, информираат од организациониот одбор „Петровден“ од село Мешеишта.
Вкупниот награден фонд изнесува над 500.000 денари. За прво место наградата е 300.000 денари, за второ 120.000, за трето 60.000 и за четврто место 20.000 денари. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
