Анкара, 31.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Дали претседателот Реџеп Таип Ердоган и натаму ќе биде највлијателната политичка фигура во земјата ќе зависи од резултатите на неговата исламиско¬конзервативна Партија на правдата и развојот, в недела.
Предвремените избори следуваат откако во јуни ова лето партијата го загуби апсолутното мнозинство во Парламентот, не можеше да се формира стабилна влада и падна одлука за нови избори.
– Поради стабилноста што досега ја носеше еднопартиската влада, Турција спроведе огромни реформи и стана економско чудо. За да продолжи тој процес нашата цел сега е повторно да може да се формира еднопартиска влада, рече Ахмет Давутоглу, Премиер на Турција.
Анкетите покажуваа дека АКП на овие избори може да очекува меѓу 43 и 43,3 проценети од гласовите, додека опозицијата социјалдемократска Републиканска народна партија меѓу 26 и 27 проценти. По јунските избори Турција беше зафатена од бран насилство. Тоа кулминираше на 10 октомври во Анкара, кога при напад на мировен собир загинаа околку 100 луѓе.
За тоа властите ја обвинија џихадистичката група Исламска држава. Аналитичарите сепак очекуваат распоредот на силите во новиот Парламент да не се разликува значително од оној по изборите летово.(Крај)
извор:Алсат фото:архива







