Анкара, 22.август 2015 (ИНПРЕС) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјавил дека ќе свика предвремени парламентарни избори, откако разговорите за формирање на коалициска влада пропаднаа.
Тој додал дека очекува новите избори да се одржат на 1 ноември, пренесоа турските медиуми.
Пред новинарите Ердоган изјавил дека во понеделник ќе се сретне со претседателот на парламентот, за да ги решат деталите за организирање на изборите.(Крај)
извор:МИА фото:архива