Подгорица, 30. јануари 2016 (ИНПРЕС) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг најави дека преговорите за членство на Црна Гора во Алијансата ќе започнат кон средината на следниот месец.
– Во текот на 2015 година донесовме уште една важна одлука која се однесува на стабилноста на Западниот Балкан. Формално ја поканивме Црна Гора да започне преговори со цел да стане 29-та членка на НАТО, изјави Столтенберг при претставувањето на редовниот Годишен извештај на Алијансата.
Според него, со поканата испратена до Црна Гора упатен е „јасен сигнал до оние кои сакаат членство во НАТО дека вратите на Алијансата остануваат отворени“. (Крај)
извор: МИА фото: архива
