October 6, 2015

Нанси, 6. октомври 2015 (ИНПРЕС) – За 35 лица, од кои две жени, државјани на Албанија и Косово, како и тројца македонски државјани им се суди од страна на кривичниот суд на Нанси, Франција, за трговија со дрога.

На судското рочиште, кое би требало да трае до 9. октомври, од 22-та присутни на судењето, петмина се в затвор, додека другите се бранат од слобода под судска контрола, а останатите се во бегство.

Осомничените се товарат за шверц со хероин и кокаин и тоа според обвинителството во регионот на Сен-Луи, на трите граници со Франција, Швајцарија, Германија. (Крај)

извор: 24 vesti фото: архива