October 27, 2015

Загреб, 27. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Во Хрватска до сега влегле 251.906 бегалци.

Во привремениот прифатен центар во Опатовац има 1.528 лица, а и натаму се очекува бранот бегалци што пристигнува преку Србија, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.

Најголемиот број бегалци источната граница со Србија ја минуваат на подрачјето на Бапска, каде приливот не се намалува. Штом ја минаат хрватската граница, полицијата бегалците и мигрантите со автобуси ги превезува до прифатниот центар во Опатовац, од каде со автобуси или возови одат кон запад и границата со Словенија. (Крај)

извор: index.hr фото: архива