Охрид, 24. јануари 2024 (ИНПРЕС) – По синоќешниот дефект во водоводната мрежа поради пукната цевка на пресекот од булевар „Туристичка“ со улицата „АСНОМ“, времено се забранува за пиење и миење водата од централниот систем за водоснабдување.
– Поради настанат дефект на водоводната мрежа на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини извори и појава на зголемена матност во водата за пиење во одредени делови од градот, времено се забранува за пиење и миење водата од централниот систем за водоснабдување на градот Охрид, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Оттаму доддаваат дека ова ќе важи се додека не излезат со ново соопштение после санирање на настанатиот дефект. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива