October 2, 2014

Љубљана, 2. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Словенечкиот Врховниот суд ја потврди пресудата на Високиот суд, со која поранешниот премиер Јанез Јанша е осуден на две години затвор за корупција, објавија локалните медиуми.

– Врховниот суд ја отфрли жалбата на Јанша, пишуваат медиумите.

Јанша, лидерот на главната опозициска Словенечка демократска партија (СДС), беше прогласен за виновен минатата година за земање мито од финскиот производител, компанијата “Патрија”.

Тој беше осуден на две години затвор, а во јуни започна да ја отслужува казната затвор во близина на Љубљана. (Крај)

извор: Танјуг фото: архива