Белград, 23. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Членовите на Комитетот за надворешна политика на ЕУ денеска ќе разговараат по втор пат предлог-резолуцијата за Србија, изготвена од известувачот Дејвид МекАлистер, пишува српскиот весник Blic.
На првата верзија на извештајот се предложени 222 амандмани од кои се очекува само некои да влезат во финалната верзија. Во првичната верзија на документот, Србија доби честитка за напредокот во дијалогот со Приштина и примената на внатрешните реформи, но и се критикува за тоа дека сеуште не е договорена надворешната политика со онаа на ЕУ во однос на санкциите кон Русија.
Европратениците инсистираат на решавање на билатерални прашања, посочува весникот. (Крај)
извор: Blic фото: архива
