October 17, 2014

Белград, 17. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа телефонски разговарал со американскиот потпретседател Џо Бајден, јавуваат српските медиуми.

Во кусото соопштение од кабинетот на Вучиќ се вели дека „Бајден повторно ја повторил целосната поддршка на САД за европскиот пат на Србија“.

– Вучиќ и Бајден се согласија околу најважните билатерални односи, се вели во соопштението.

Ова е втор разговор меѓу нив во текот на последните седум дена и тој се одржа неколку часа по завршувањето на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград. (Крај)

извор: Танјуг фото: архива