Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Вучиќ бурно реагирал поради Косово, паднале тешки зборови

Вучиќ бурно реагирал поради Косово, паднале тешки зборови


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Белград, 14.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Премиерите на Србија и Косово Александар Вучиќ и Иса Мустафа ја повторија својата посветеност на примената на сите договори од Брисел, соопшти кабинетот на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, додека српските медиуми тврдат дека Вучиќ „бурно реагирал во текот на состанокот“, инсистирајќи дека Србија го исполнила ветеното, но дека другите не ги исполниле обврските.

Во соопштението од кабинетот на Могерини, која ги повика двајцата премиери на неформална средба во седиштето на ЕУ, се вели дека Вучиќ и Мустафа „отворено разговараа за актуелната ситуација во дијалогот меѓу Белград и Приштина“, по претходните најави дека на средбата ќе се разговара за досегашниот напредок во меѓусебниот дијалог и идните чекори за спроведување на бриселскиот договор.

Меѓутоа, белградски Блиц на својот портал тврди дека во Брисел „паднале тешки зборови меѓу премиерот на Србија Вучиќ и косовскиот вицепремиер Хашим Тачи“.

„Немојте повеќе да ми зборувате за поглавја. Ако сакате отворете ги, ако не – немојте“, ја цитираат српските медиуми реакцијата на Вучиќ на неформалната средба со шефицата на дипломатијата на ЕУ и косовскиот премиер.

По средбата во Брисел Блиц пишува, повикувајќи се на добро информирани дипломатски извори, дека Вучиќ кажал дека „Србија се држи до ветеното, но дека другите не ги исполниле своите обврски“, и потсетил дека косовската влада сѐ уште не донела одлука за формирање на Заедница на српски општини, а дека договорот за катастар од 2011 година воопшто не го применува.

Вучиќ остро ги осудил апсењата на Србите на северот на Косово и обидот за зачленување на Косово во Унеско без знаење на Србија.

На својата интернет страница Блиц тврди дека „разговорите биле тешки“, и дека дошло до вербален дуел меѓу Вучиќ и Тачи.(Крај)

извор:МКД.мк фото:архива

Post navigation

Previous Грција ја посетиле 800 000 Македонци
Next Грабар-Китаровиќ: Во иднина можеби ќе мора да поставиме ограда

Слични вести

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија
1 min read

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.