July 14, 2015

Белград, 14. јули 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека е време да се надмине инцидентот од Поточари и дека ќе упати повик до членовите на Претседателството на БиХ да дојдат во Србија.

Вучиќ додаде дека ништо не е поважно од разговор како и дека мирот и стабилноста во регионот се предуслов за подобра економија и повисок животен стандард.

– Гледам дека полека но сигурно разумот победува на сите страни и оти луѓето разбираат кои се грешките на секој од нас, додаде Вучиќ. (Крај)

извор: rts фото: архива