Белград, 18. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека е изненаден од одлуката на Унгарија да издигне ограда на границата со Србија, пренесе радио 021.
Според Вучиќ одлуката не е во ред, особено поради фактот дека Србија не е виновна за проблемот.
– Никој не може да и’ каже на Србија ништо за општата ситуација. Не сме виновни ниту за кризата во Сирија, ниту поради “Исламска држава”, ниту заради Курдите. Србија е транзитна земја, а на нејзина територија овие лица влегуваат преку територијата на ЕУ – Бугарија и Грција, изјави Вучиќ.
Тој уште истакнал дека Србија нема да крева ѕидови за да живее како во Аушвиц. Според него, проблемот ќе биде разгледан со унгарскиот колега Виктор Орбан. (Крај)
извор: rts фото: архива
