January 14, 2015

Приштина, 14. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот премиер Алескандар Вучиќ пристигна на Косово, за да ја прослави заедно со косовските Срби православна Нова година.

Неговата посета има особено значење за српската заедница на Косово, кое е со мнозинско албанско население.

– Програмата на посетата не вклучува состаноци ниту со косовски ниту со српски официјални претставници, соопшти официјален Белград. Вучиќ го придружуваат неколку српски министри Братислав Гашиќ (одбрана), Небојша Стефановиќ (за внатрешни работи), Никола Селаковиќ (правда) и др. Предвидени се посети на српските енклави Штрпце и Грачаница.

Од вкупно 120.000 Срби кои живеат на Косово, 40.000 живеат во населби долж границата со Србија. (Крај)

извор: АФП фото: АП